Премиерот Зоран Заев, кој беше аболициран за случајот „Глобал“ од тогашниот сопартиец и шеф на државата, Бранко Црвенковски, изјави дека не очекува аболиција од претседателот Ѓорге Иванов за осудените за 27 април.
Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека аболицијата од Иванов не ја очекува пред се, како што рече, бидејќи тоа не постои повеќе како законска можност.
-Со последното давање на аболицијата се потврди непостоењето на соодветните членови кои не постојат во законот за претседателот да го искористи тоа право, истакна Заев.
До кабинетот на претседателот Иванов во петокот попладнето пристигнало барање од дел од осудените во случајот „27 април“ за нивно аболирање.
Аболиција од Бранко Црвенковски за Зоран Заев, 4.Август 2008Претседателот Бранко Црвенковски потпиша решение за аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и другите петмина осомничени за случајот со трговскиот центар “Глобал” во Струмица.Аболицијата значи дека Заев и другите осомничени целосно се ослободуваат од кривично гонење за делото за кое ги сомничи македонската полиција, а за истото дело не може да се отвора нова кривична постапка во иднина, јавија електронските гласила.Според експертите, одлуката за аболиција стапува на сила веднаш, но за да произведе правно дејство треба да се поднесе до истражниот судија, кој треба да ја прекине постапката.Опозициониот СДСМ истовремено соопшти дека го прифаќа предлогот на претседателот Црвенковски за враќање во Парламентот и надминување на политичката криза во државата, и решението за аболиција на градоначалникот Зоран Заев.