Според летната пропгноза на AccuWeather, поголемиот дел од Европа може да очекува лето со помалку дожд од просекот.
Но, наспроти ова, на југот од Италија и на Балканот се очекува повеќе дожд од просекот благодарејќи на невремињата кои ќе се повторуваат.
Предвидувањата се и дека на овие подрачја се можни силни бури, но најголем проблем може да го создаваат поплавите. Рим, Наполи, Тирана, Софија и Букурешт (Скопје се ноаѓа на средината меѓу овие градови) ќе бидат изложени на ризик од бури кои ќе се движат бавно и поради кои може да дојде до опасни поплави.
Ќе има и периоди во кои без престанок ќе паѓа дожд три до пет дена. Ова време ќе спречи појава на долготрајно топлински таласи.
„Тоа ќе биде силен контраст во однос на претходното лето кое с еодликуваше со екстремно топло време на Балканскиот полуостров“, пишува AccuWeather.