“Но, уште еднаш да кажам. И покрај огромниот притисок од ЕУ, Никола Поповски редовно не свикуваше група историчари и сите застанавме на ставот дека нема заедничка историја, а за заеднички прослави ги предложивме 9 мај, па Денот на ООН и сл. И договорот не го потпиша владата на Груевски заради јазикот и неприфаќање на “заедничка” историја.

Ова е коментар на проф . Виолета Ачковска по повод извадоци од Протоколот од 2019 година кој е пибликуван ан социјалните мрежи, потпишан меѓу Захариева и Димитров, кој сега нешто се буни околу преговорите со Бугарија.

Од документот се гледа дека двете страни постигнале согласност св. Кирил и Методиј, св. Клмент и св. Наум како и за цар Самоил и се согласиле да ги популариираат тие решенија од „заедничката историја“ во јавноста. Се бара промена на учебниците во двете земји, а се бара и што поскоро решевање на прашањата за Гоце Делчев и вниавајте – Илинденско-Преображенското востание, во духот на „заедничката историја“.

Протоколот со потпис на Димитров всушност го објавил Бујар Османи на својот ФБ профил.

Тој вели дека докумнетот недостасува во архивите на МНР, а всушност е Протокол кој го потпишал неговиот претходник, Никола Димитров. Османи вели дека досега имаме потпишан само еден Протокол, овој од Димитров, во кој има неколку јасни обврски за кои само сме се обврзале, но и не сме ги реализирале. Актулениот министер за надворешни впери прст на социјалните мрежи кон неговиот претходник дека потпишла протокол во кој прифаќаме бугарско гледиште кон Илинденското востание.

„Првата е дека го прифаќаме бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи ја номенклатурата “Илинден Преображение – востание”, создавајќи со тоа рамка во која Комисијата се очекува да делува, што, пак, создава тешкотии во нивната работа, но воедно и веќе создала преседан во односите со Република Бугарија, дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата,“ напиша Османи на својот личен профил на фејсбук

Османи го прозва неговиот претходник дека документот кој го презентира на бугарски јазик, во неговата физичка форма недостасува во МНР. Очекувано е кој си го земал пред да си отиде и со какви намери, тврди Османи. Во однос на тврдењето на Османи дека во тој протокол Димитров го прифатил бугарското гледиште на Илинденското востани, Димитров час подоцна исто на фејсбук статус врати дека тоа не е точно.

„Понатаму, во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку. Интересно што полесно сте нашле некоја бугарска верзија, отколку македонската. Мојот кабинет целиот фајл за прашањето со Бугарија го предаде на вашите луѓе. Зошто токму денес ви се губат документи од архива можеме да претпоставиме. Во мое време, архивата на кабинетот и на Министерството беше педантно водена, пишува Димитров