Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија распиша оглас со кој бара советник-инструктор за воздухопловно-спортски дејности и воздухоплови без екипаж за почетна нето- плата од 83.000 денари.
Заинтересираните може да имаат завршено било кој факултет и работно искуство од 3 години во струката, а за да се стане инспектор потребно му е искуство од 5 години на соодветни задачи од областа на воздухпловството.
Лицата кои конкурираат за советник не мора да имаат дозвола за пилот на авион, може и за едрилица, балон или падобран.
Подолу објавуваме подробности од огласот на Агенцијата за цивилно воздухопловство.