Владата на Македонија на денешната 127-ма редовна седница ја дополни Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини.

Согласно одлуката, и цените на овие производи се замрзнуваат на ниво на цените до 1 декември и ќе важат до 31 јануари 2022 година, со цел да се превенираат евентуалните поскапувања на основните прехранбени производи.

Со седницата раководел Артан Груби.