Адел во спортско издание, го истакна своето тело. Облечена во хеланки, џемпер, капа и патики, пејачката покажа совршено витка линија.

 

Пред само еден месец, таа се појави на плажа со својот син, покажувајќи колку е тенка. Позната по своето полно тело, пејачката со раскошен вокал успеа да шокира дел од јавноста и да биде предмет на осуда, па дури и потсмев бидејќи изгуби 40 килограми.