Дезинформација е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети  ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори и за такво нешто воопшто нема да се расправа на денешната седница на партиското претседателство, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми.

– Повлекувањето на Али Ахмети воопшто не доаѓа предвид. Напротив, ние се чувствуваме како победничка партија на локалните избори, изјавил Адеми за Вечер.

Според него, таквите дезинформации се објавуваа со цел да се демоларизираат нивните гласачи во пресрет на вториот круг од локалните избори на 2 ноември.

Тој посочува дека на денешната седница на партиското претседателство воопшто нема да се расправа за на денешната седница на претседателството на ДУИ, ќе се разгледува актуелната политичка состојба во земјава и ќе биде дадена оценка за првиот изборен круг.

Kryetari i BDI-së Ali Ahmeti po e mendon seriozisht dhe është pranë vendimit për t’u tërhequr nga politika aktive, publikoi mediumi

Медиумот на албански јазик „Фол“ синоќа објави дека Али Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активната политика по изборите.

Според информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.

Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата, наведува „Фол“.

Фото: архива