Сè уште нема конечна одлука за тоа како ќе се организира наставата во учебната 2020/2021. Продолжуваат консултациите меѓу Министерството за образование и Комисијата за заразни болести, соопшти министерот за образование Арбер Адеми.
Тој не ја исклучи можноста и за пролонгирање на учебната година.
Адеми на прес-конференција информира дека се разгледуваат три модели: физичко присуство, онлајн настава и комбиниран модел.
Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но сè зависи од епидемиолошката состојба.
– Нашиот став е јасен, но пред сè е важно здравјето на децата, истакна Адеми.
Тој рече дека е можно физичко присуство на учениците само во оние места во кои тоа го дозволува епидемиолошката состојба.