По објавата на Ла Верита и Гајсер за Зоран Заев, брат му Вице и изборите од 2014 година, се огласи и Јанез Јанша, лидерот на десничарската Демократска партија во Словенија и поранешен премиер.
Тој се потсмева со европарламентарката Тања Фајон и лидерот на словенечките социјалисти, Дејан Жидан, нарекувајќи го Заев „близок пријател“ на оваа двојка која од петни жили го помагаше доаѓањето на власт на лидерот на СДСМ во Македонија и промената на името на државата.
Јанша додава дека за овие луѓе и опцијата што ја застапуваат „победата на фер избори никогаш е било опција“ и дека тоа е така е во Словенија, Романија, Малта, а ете и во Македонија.
Во својата објава Јанша посочува на текстот на Ла Верита велејќи:
„Досие за изборни измами во Македонија од саканиот од ЕУ премиер“(Зоран Заев, н.з.).