Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска е повикан бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга, да даде потребни известувања во врска со случајот „Рекет“.
Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13. уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.
Вчера во Обвинителството за „Рекет“ исказ даваа водителката Лила Филиповска и бизнисменот Силјан Мицевски.
Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.