АФЕРА РЕКЕТ: Ременски го сменила мобилниот телефон 4  дена пред отворањето на истрагата

/ 20.10.2019

Пратеничката на СДСМ и потпретседателка на Собранието на Република Македонијаи, осомничена во случајот Рекет, Фросина Ременски Ташевска имала два телефони и двата и се наоѓаат на вештачење откако и биле одземени при претресите во истрагата, објави ТВ Телма.

Од обвинителството за Телма потврдиле дека сите предмети меѓу кои и телефони на осомничените се на вештачење за дополнителни траги и сознанија потребни за истрагата. Претрес е вршен во домот на Ременски, додека не е вршен во кабинетот на потпретседателката во Парламентот.

Ременски имала два телефонски броја, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11-ти јули. Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.

Истрагата за Рекетот е отворена на 15 јули, 4 дена по менувањето на апаратот на Ременска. Тогаш Ременски не беше осомничена иако во написите за случајот претходно се спомнуваше псевдоним Фрики. На 15-ти јули беше приведен Бојан Јовановски-Боки 13 кој е осомничен и и во двата крака на Рекетот, Орце Камчев и Меѓународен сојуз.

Пратеничката Ременски не смее да го напушта Скопје, одлучи судот по барање на обвинителството во истрагата за парите меѓу кои и оние 720 илјади евра дадени од Силјан Мицевски.


Од истата категорија