Неодамна разрешената потпретседателка на СДСМ и пратеничка од оваа партија, Фросина Ременски, утре ќе даде исказ во Јавното обвинителство во врска со криминалната афера Рекет.

Нејзиното име често се спомнуваше по откривање на аферата. Ременски често ја гледавме на фотографии со Боки 13, а таа е и почесна претседателка на Меѓународниот сојуз, чиј основач е Боки 13.

– Немам ништо против, напротив, ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во невладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам сѐ што ги интересира, или за сѐ што имаат дилема, напиша Фросина Ременски на својот профил на Фејсбук пред еден месец.

Сега, по еден месец, еве Ременски ќе ја има таа шанса.