Дали Рашковски тргувал со прашањата за испитот за судии и јавни обвинители, колку судии и обвинители се плод на измама?- прашува опозицискита ВМРО-ДПМНЕ во денешното сооопштение во кое открива дека во кабинетот на притворениот екс секретар на Владата, Драги Рашковски бил пронајден софтвер со прашања за испит на судии и обвинители.

-Во канцеларијата на Драги Рашковски на Правниот факултет во Скопје е пронајден софтвер од прашањата за испитот за судии и јавни обвинители. Што бараат прашањата за судии и обвинители кај Рашковски? Уште поголем сомнеж фрла фактот што серверот на системот на Академијата за судии и јавни обвинители се наоѓа во влада, а каде до неодамна Рашковски беше генерален секретар. Во јавноста се појавија низа сомнежи кога дел од кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители имаа 100 од вкупно 100 можни поени на испитот. Самиот факт што сега прашањата се најдени во кабинетот на Рашковски фрла дамка врз целиот процес и ЈО треба во целост да го испита претходните неколку конкурси, кои се спроведувани додека Рашковски бил на функција. Постои сериозна опасност за нарушување на кредибилитетот на идните судии и обвинители, и ЈО мора да реагира, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.