Повеќе од 110.000 свињи изминативе недели угинале во Романија од африканска свинска чума, а ситуацијата може да стане уште полоша.
Владата ја обвинуваат дека прекасно реагирала.
Постојат вкупно 645 жаришта на болеста која ги напаѓа свињите, но не е заразна за луѓето, се наведува во официјално соопштение.
-Најголем проблем е што не реагираме превентивно, туку дури кога ќе го откриеме жариштето-изјавила за АФП Мари-Еугениа Пана, претседателка на Здружението на свињарите.
Властите кои со проблемот се соочуваат уште од 2017 година, истакнуваат дека носителот на вирусот се две свињи кои дошле од Украина.
Африканската свинска чума е ендемска болест на подрачјето јужно од Сахара и за неа засега нема лек. Во ЕУ за прв пат се појави во Литванија во 2014 година.