Од Агенцијата за разузнавање вечерва соопштија дека директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу не е член на ниту една политичка партија.

„Тој не бил на партиски состанок во СДСМ. Директорот на АР е во самоизолација поради приватна кратка средба со пратеникот Мухамед Зекири која се случила во град на 30 мај. Имајќи предвид дека раководи со институција во која работат многу вработени, а со цел одбегнување и најмала можност за инфекција, како одговорна личност одлучи да оди во самоизолација. Ние во АР за цело време додека трае ситуацијата со пандемијата успеавме да се заштитиме, а притоа да ги извршуваме редовните обврски. Им сугерираме на медиумите да не потпаѓаат на хибридната пропаганда гладна за лажни вести.

Му сугерираме на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски да ја повлече неговата изјава дадена за Канал 5 денеска, на 2 јуни, бидејќи содржи невистинит факт“, соопшти Агенцијата за разузнавање.