Агенцијата за вработување не ги објавува официјални податоци колку нови лица се пријавиле како невработени во јуни и јули, а кои добиле отказ од работа. Згора на тоа, традиционално во овие месеци се зголемува бројот на невработени и поради тоа што не сите завршени средношколци се запишуваат од факултет, па еден дел од нив се пријавува во Агенцијата.
Последните лиферувани информации ги имаат заклучно со мај иако на почетокот на август веќе требаше да бидат објавени и бројките за јули. Директорката Билјана Јовановска е на одмор, и никој не знае кога податоците ќе бидат достапни за јавноста. Според она што е официјално на сајтот од март до мај, бројот на невработени во земјава се зголемил за нови 15.371 лица.
Дополнително, минатата недела за Телма Јовановска изјави дека во јули имало прилив на нови 2.503 лица, а за јуни бројката била 3.656, па излегува дека над 21.500 лица добиле отказ од работа од март до јули за време на корона–кризата, односно за толку има новопројавени невработени. Но официјален податок за тоа нема.
Инау станува збор за сосема едноствна техничка операција. Секоја оддел ан Агенцијата по општини за неолку минути ги сумира и испраќа податоите до републиката Агнецијата, по што, за уште неколку минути може да се направи збирен извештај, како и извештај за неварабтеноста по општини, така што нема никаква причина податоците да доцнат по два и повеќе месеци.
Инаку, веројатно е дека и таквиот извештај нема да ја даде целосната бројка на лица кои останале без работа, бидејќи многумина не одеа да се пријават за да не влегуваат во гужви среде пандемијата, а посебно што во услови кога има масовни отпуштања, мали се шансите дека Агенцијата би им понудила некакво работно место.
И додека земјава нема податок ниту анализа колку лица добиле отказ од работа поради корона-кризата, дури и некои од земјите од регионот, бројките за изгубени работни места ги објавуваа заедно со бројот на новозаболени со вирусот. Босна денеска објави дека најмалку 32.000 лица изгубиле работа од почетокот на корона-кризата. А Британија пак брои 220.000 помалку вработени во вториот квартал, или регистрираше најголема загуба на работни места од 2009 година.