Претседателот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, петти ден по ред одржува средби со граѓаните во Гостивар под мотото Заедно за Европа, заедно со раководството на партијата, министри и пратеници.
Ахмети овојпат се обрати до жителите од населбите Џамиџид маало, Ново Маало, Силика, Шеста зона и Млаки, организирано во локален ресторан, напомена дека непобедливоста на партијата се должи на постојаната комуникација со граѓаните и сопартијците.
– Веќе две децении, не е лесно да се жнеат само победи и успеси кои нема да изостанат во иднина. Зад себе оставивме многу сработено за Албанците, а тоа не е за ДУИ. Сработивме многу во образованието, културата и здравството, рече Ахмети.
Тој се потсети кога во 2002 година зборувал за тоа колку специјалисти Албанци има на скопските клиники.
– Денес сум горд што оваа ситуација се промени на подобро и само овде гледам 3-4 специјалисти. Иднината е во ваши раце бидејќи вие сте најмладиот тим. За 20 години ги реализиравме целите на генерациите што работеа пред нас, но не сме тие што треба се фалат дека ние придонесовме. Имало и пред нас и без нивниот придонес немаше да го реализираме ова, рече Ахмети.
Од говорницата се обрати собранискиот спикер Талат Џафери, кој за лидерот рече дека му ги поставил темелите на куќата (партијата) и дека главниот столб е токму Ахмети.
Бујар Османи, министерот за надворешни работи, во говорот напомена дека Албанците во земјава се наоѓаат во „златниот период”
– Овие 20 години во последните 100, поминуваме низ златен период на Албанците. Од 2001 година па наваму, маргинализираниот народ станува господар во својата сопствена куќа и раководи со својата судбина и иднина, потенцира Османи.
Говореа и шефот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Арбр Адеми, шефот на огранокот на ДУИ во Гостивар Валдет Џафери, Неџати Јакупи, како и пратеничката Арта Биљали Зендели.
По оваа средба вечерва се одржа уште една, на која Ахмети зборуваше со членките на гостиварскиот Форум на жени на ДУИ.