Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој повеќе денови ја држеше во неизвеностс јавноста со „големото откритие“ денеска во обраќањето пред јавноста од Школката во Градскиот парк во Скопје, по повод 19-годишнината од основањето на партијата, се обрати и на македонски јазик, а како новитет ја објави зелената агенда на ДУИ.

– Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден, рече Ахмети.

Тој искористувајќи го како повод Меѓународниот ден на животната средина, порача дека е дојдено време да се прифатат политики за зелена, развиена и безбедна иднина.

– Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграцијата во НАТО, правичната застапеност. Се изградија училишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот. На 19-иот роденден на ДУИ започнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ, порача Ахмети.

Како што веќе објавивме ДУИ, пред неколку дена во изјава на Ахмети и на билборди, го најавуваше денешното саботно изненадување.