Денеска во Ликово учествував на Академијата за благодарност за Албанското национално движење, организирана од Здружението „Движење“, објави денеска пратеникот во македонското Собрание и лидер на ДУИ, Али Ахмети.
– Со ваквите настани и потсетувања, на новите генерации им го пренесуваме патриотизмот кој го имаа активистите на албанската нација, кој никогаш не треба да се заборави, објави Ахмети на својот профил на Фејсбук.
Во објавата на Ахмети не е наведено, но според фотографиите што ги објавува, најверојатно има добиено благодарница или некоја друга почест од Академијата во Липково, каде што тој неодамна го предаде во употреба споменикот во селото Слупчане.
Кога станува збор за признанијата, тој е почесен професор д-р Алија Ахмети и на Тетовскиот државен унивезитет.