Ние мора да го промениме Уставот и Бугарите да станат уставна категорија, тоа е сега приоритет, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервјуто за ТВ Косово.
– Но, постои исклучителна вознемиреност кај македонската заедница дека божем ќе го загубат идентитетот, оти ќе исчезнат. Врз Македонците се врши терор од опозициските партии, им се наметнува страв дека со промената на Уставот ќе го изгубат идентитетот, или државата, а тоа се прави за потребите на дневната политика од опозициските партии, кои ја туркаат државата кон предвремени избори. Но, предвремените избори не го решаваат проблемот, вели Ахмети.
Изјавата на Ахмети е пренесена на порталот на ТВ 21, како и на јутуб-страницата на РТК.
Според Ахмети, опозицијата не нуди никакво решение, дури и да се оди на избори.
– Македонија тргна на пат без враќање, таа е членка на НАТО, се наоѓаме во процес без враќање за зачленување во ЕУ. Без Охридскиот договор немаше да постои Македонија, без овој договор Македонија немаше да биде во НАТО. Без Охридскиот договор, без Преспанскиот договор, без Договорот за добрососедство со Бугарите ние не можеме да бидеме членка на ЕУ. Ние сме во претсобјето за прием во ЕУ. Но, ние мора да го промениме Уставот, тоа е сега приоритет, вели Ахмети.
Видеото на РТК може да го отворите ТУКА.