Нема план „Б“, потребна е поддршка на референдумот со кој се приближуваме до НАТО и ЕУ, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на попладневната средба со жителите на Куманово.
Ахмети додаде дека на 30-ти септември имаме историска можност и мора да се гласа бидејќи Македонија нема друга алтернатива.
Лидерот на ДУИ истакна дека на 30-ти септември се гласа за концепт, кој не доближува до западната филозофија и дека членството во ЕУ и НАТО се потребни, бидејќи се отвораат можности за поголеми економски инвестиции, инфраструктура, владеење на правото и подобар развој на државата. Членството во НАТО, рече тој, значи мир, безбедност и сигурност.
Делегациите кои доаѓаат, посочи Ахмети не поддржуваат, но истакна, тие не гласаат, гласаат граѓаните.
– Да излеземе на 30-ти септември и да гласаме за иднината, за нашите деца, нашите внуци, рече Ахмети.
На присутните им се обрати и министерот за образование Арбр Адеми, кој рече дека е потребна целосна мобилизација за оваа клучна одлука со која се заокружуваат нашите стратешки цели, членството на земјата во ЕУ и НАТО.
– На сегашните и идни генерации им е потребно европско образование, нагласи Адеми.
На средбата со граѓаните се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку кој исто така ги повика присутните да гласаат и да го поддржат референдумот на 30. септември