Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упатил јавно писмо до премиерот Димитар Ковачевски, во кое вели дека министрите и функционерите на ДУИ поднесуваат оставки. Како што соопштија денеска од ДУИ, претседателот на партијата Ахмети рекол дека оваа одлука стапува на сила од денот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.
Почитуван премиер Димитар Ковачевски,
Ценејќи дека нашата земја, РС Македонија, е во критична фаза од нашата европска иднина, имајќи ја во предвид тежината на интеграцијата како политичка организација во последните 20 години, ценејќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвувања од секој од нас, тргнувајќи од условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени доколку Демократската Унија за Интеграција излезе од Владата.
Легитимно избрани по волја на албанскиот гласач, свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство, имајќи во предвид дека Демократската Унија за Интеграција и јас остануваме посветени на определбата дека евроатлантските интеграции, со целосни права на државата, освен во НАТО, исто така и во Европската Унија, како и непрекинатото сојузништво со Соединетите Американски Држави, беа, се и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност,
Министрите и владините функционери од редовите на Демократската Унија за Интеграција поднесуват оставки од функциите што во моментов ги извршуваат!
Оставките, г-дин Премиере, се материјализират автоматски во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени.