Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати рече дека од референдумот на 30 септември очекува апсолутно позитивен резултат.
Според Ахмети, кампањата се одвива одлично, а присуството на граѓаните е задоволително.
Како што соопштија од ДУИ, Ахмети и Бушати заеднички констатирале дека единствената алтернатива за регионот на Југоисточна Европа е целосна интеграција во НАТО и ЕУ.
На средбата се дискутирало и за ситуацијата во регионот, јазичната еднаквост, како и за дијалогот помеѓу Приштина и Белград.