Во првиот  контролен натпревар за време на зимската пауза, екипата на Академија Пандев со убедливи 5:0 (3:0) ја совлада Беласица од Петрич, Бугарија.

Головите за струмичкиот прволигаш ги постигнаа Велинов, Дориев два гола, Донов и Крстовски.

Вториот контролен натпревар Академија Пандев ќе го одигра в среда, а противник е екипата на Струмска Слава од Бугарија.