Американската тенисерка Серена Вилијамс ја победи првата носителка на Австралија опен со 2-1 (6:1, 4:6 и 6:4) во дербито од осминафиналната фаза.

Мечот траеше еден час и 48 минути.

Во 1/4 финалето Американката (16. носителка) ќе игра со Каролина Плишкова (7. носителка) од Чешка.

Другите двојки за четвртфиналето се: Павличенкова – Колинс, Квитова – Берти и Осака – Свитолина.