„Изјавата дека говорите во Јужна Македонија не му припаѓаат на македонскиот дијасистем е велепредавство. Само да спомнам дека на пр. битолските и леринските говори се толку блиско сродни што сочинуваат една дијалектна подгрупа. Македонските говори во Јужна Македонија се во континуум. Тоа е јасно искажано во науката. Голем срам, непростено велепредавство за осуда. Гневен сум“, напиша академикот Чашуле на Фејсбук, коментирајќи ги изјавите на министерот Никола Димитров и портпаролот Миле Бошњаковски кои рекоа дека јазикот што го зборуваат Македонците од егејскиот дел на Македонија не бил македонски јазик.