Насловот на денешниот текст е инспириран од Орвеловата дистопија „1984“ и да претпоставиме дека се однесува за Македонија сто години подоцна. Оригиналниот наслов на романот „1984“ е „Последниот човек во Европа“, а неодлучноста на Орвел за изборот меѓу првиот (оригиналниот) и вториот наслов ја разрешува неговиот издавач, кој го предлага вториот наслов, пишува за „Нова Македонија“ академик Љупчо Коцарев.

За потребите на денешниов текст, сепак, се одлучив за двата наслова. На почетокот, да претпоставиме дека во 2084 година, Македонија веќе е „делумно рамноправна членка на ЕУ“, меѓутоа во тој случај, а имајќи ги предвид моменталните услови, речиси е веројатно дека во државата Македонија веќе не живеат Македонци – тие се целосно истребени. Притоа, десетина години по потпишувањето на протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија, ЕУ воведува нов концепт „делумно рамноправна членка на ЕУ“, во прилог на што одат и изјавата дека „претседателката… зборува за јазикот користен од луѓето во Македонија“ и пораката на еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ дека „уставните измени мора да се случат“.

Овој концепт предвидува дека и по потпишување на Договорот за пристапување во ЕУ, некои членки на ЕУ можат да иницираат повторно отворање на ЕУ-поглавјата (или ЕУ-кластерите). Така, процесот на пристапните преговори, всушност, може и никогаш да не заврши, па оттука произлегува и синтагмата „делумно рамноправна членка на ЕУ“. За соочување со предизвиците што ги донесе ваквиот нов концепт, како и многупати досега, Владата на Македонија пристапува кон формирање фамозни министерства, во случајов четири министерства: Министерство за мир, Министерство за изобилство, Министерство за вистина и Министерство за љубов.

Целата колумна на Коцарев во НОВА МАКЕДОНИЈА.