Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.С.(68) од САД, со привремен престој во село Крани, ресенско.

Лицето доби пријава поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ казниво по член 288 од Кривичниот законик.

Пријавениот, информираа денеска од МВР, на 19.07.2022 во неговата нива на место викано „Барик” во атарот на село Крани го запалил стрништето, при што пожарот се проширил и зафатил сува трева и овоштарници во соседните ниви. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен.