Шест бродови натоварени со жито денеска ги напуштија украинските пристаништа. Тоа се случува еден ден откако Русија се врати на договорот за дозволување извоз преку Црното Море, изјави турскиот министер за одбрана.

„По продолжувањето на иницијативата за жито, шест бродови ги напуштија украинските пристаништа“, изјави министерот за одбрана Хулуси Акар, цитиран од официјалната новинска агенција Анадолија.