Министерството за внатрешни работи во зајакната сообраќајна акциска контрола во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје изрече  вкупно 162 мерки, меѓу кои 106 за возење повеќе од дозволената брзина.

Како што информираат од МВР, од изречените санкции девет се за управување возило под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, три за користење мобилен телефон, две за нерегистрирани и технички неисправни возила, четири за недавање првенство на минување на пешаци, две за минување на црвено светло, четири за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, седум за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за,како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.