Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, ОСПО-ЕБР и СВР Скопје денеска во близина на местото Рамно, Скопска Црна Гора, запленија три камиони натоварени со околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва.

Од МВР информираат дека дрвата ќе бидат предадени на ЈП „Национални шуми“ и се преземаат мерки за расчистување на случајот.