Денеска (23.11.2024) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.11.2024) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го привеле Ј.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.11.2024) во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле Г.А.(44) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.11.2024) во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.Р.(22) од с.Рогле, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.11.2024 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.А.Г.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.11.2024 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.М.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.11.2024 околу 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го привеле М.Т.(46) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.11.2024 околу 17.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-одделение за потраги го лишиле од слобода В.К.(48) од Р.Турција, а со престој во Скопје, поради тоа што бил баран по меѓународна потерница од Р.Турција. Тој бил задржан во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.
На 22.11.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во маркет лоциран на ул.„Филип Втори Македонски”, врз основа на централна потерница од Казнено поправната установа Затвор Идризово, го лишиле од слобода К.К.(46) од Прилеп, кој бил баран за казна затвор во траење од една година и два месеци.
На 22.11.2024 околу 13.20 часот, по преземени мерки во хотел на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик. Лицето било задржано во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.