Големо полициско присуство е забележано во Струмичко, каде според информации на медиумите, уапсени се повеќе лица.
Меѓу уапсените, како што објави Курир, бил и поранешен градоначалник, кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница.
Тој, како што објави порталот, по неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 го прошири својот бизнис во енергетскиот сектор, но и со отворање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана по претходно издадени лиценци од Владата.
Според информациите, производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија, но и пошироко во регионот.