Голманот на Русија, Игор Акинфеев, беше најдобар играч на натпреварот од осминафиналето на Светското првенство во Шпанија и со своите одбрани ја одведе својата земја во четвртфиналната рунда.

Тој ги искажаа своите импресии на прес-конференција по натпреварот.

– Не се чувствувам како најдобар играч на натпреварот. Најдобар е тимот и навивачите. Ние не игравме како што сакавме, сакавме да нападнеме повеќе. Но, против Шпанија тоа е тешко. На крајот испадна многу добро за нас. Фала му на Бога, ние имавме среќа денес, рече Акинфеев и дополни „денес ги убедивме сите дека Русија знае да игра фудбал“.

Рускиот национален тим ќе игра во четвртфиналето на 7 јули против подобриот од дуелот Хрватска – Данска.