Домаќинот на Светското првенство, репрезентацијата на Русија се пласираше во четвртфиналето на планетарниот собир. Во драматичен меч кој траеше речиси три часа, „зборнаја“ дури по подобро изведување на пенали ја елиминира Шпанија.

Голманот на Русија, Игор Акинфеев е херојот на денот. Тој одбрани два удари од белата точка за ерупција од радост на стадионот „Лужни“ во Москва.

По 90 минути резултатот беше 1:1. „Црвената фурија” поведе со автоголот на Игнашевич во 12 минута, но Русија не се предаде. Во 41 минута, Жерар Пике играше со рака во шеснаесетникот, па беше досуден пенал. Џуба беше прецизен од 11 метри за израмнување.

Во второто полувреме, Шпанија имаше целосна доминација, но погодоци немаше, а откако и во дополнителните 30 минути немаше голови, пеналите решија кој ќе оди во четвртфиналето.

ШПАНИЈА – РУСИЈА 1:1 (НА ПЕНАЛИ)

1:0 – Игнашевич во 12 минута.

1:1 – Џуба во 41 минута од пенал

ПЕНАЛИ

ШПАНИЈА РУСИЈА

1:0 – ИНИЕСТА 1:1 – СМОЛОВ

2:1 – ПИКЕ 2:2 – ИГНАШЕВИЧ

КОКЕ ПРОМАШИ 2:3 – ГОЛОВИН

3:3 – РАМОС 3:4 – ЧЕРИШЕВ

АСПАС ПРОМАШУВА