Чудни герилци денеска го „сардисаа“ Скопје со желба да им ги отворат очите на граѓаните за лажните вести.
И тоа е добро. Но, лошо е тоа што на граѓаните им го отвораат едното око, а замижуваат со другото и не ги гледаат антологиските вести зготвени од кујната на власта и мејнстрим медиумите: за датумот од ЕУ, за бесплатно здравство низ цела ЕУ ако гласаме на референдумот за промена на името, за просечна плата од 500 евра, за Зоран Заев, неговата македонска жичка и неменување на Уставот и уставното име Република Македонија итн.
Борците против лажни вести, за кои „не се знае кои се“, се само уште една лажна вест дека има вистинска борба против лажните вести. Има, само против оние „лажни вести“ кои не и одговараат на актуелната владејачка структура.
Но, еве како изгледа вест на мејнстрим медиумите и „борците против лажни вести“, ама само со едно „подотворено окце“:
На повеќе локации низ Скопје анонимни активисти денеска поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во пласирани во земјава.
Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението.
– АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, наведено е на едната макета.
– Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – На лагата и се куси нозете, а долги опашките!, се порачува од друга.
– Путин ја ослободува Украина од фашизмот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, гласи пораката на трета макета.
– Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!, порачуваат авторите на герила акцијата.
– За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!, гласи пораката на една од макетите од акцијата. сп/