За новото раководство на СДСМ и предизвиците со кои се соочува по последните избори, и капацитетот да се обнови партијата и креирање политика прифатлива за граѓаните, испитаниците на последното истражување имаат голема резерва.

Истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.

Повеќе од 48 отсто од испитаниците не веруваат во тој капацитет и способност да се креира нова политика, а 18,4 одговорија потврдно на ова прашање.

А ова се потврдува и со рејтингот на партијата, песимизмот преовладува во однос на можноста за обновување на партијата.

МКД.мк

На прашањето кога следните избори би се одржале утре, за која политичка партија би гласале, за 21,5 % од гласачите изборот е ВМРО-ДПМНЕ, за 5,5% од гласачите е коалицијата Вреди (Влен), за ДУИ би гласале 5,4%, за СДСМ 3,9%, за Левица 2,9%, за ЗНАМ 2,1%… Повеќе од 50 отсто од испитаниците на ова истражување одговориле дека не сакаат да одговорат, дека нема да гласат, дека се уште не се определиле и дека не знае за кого да гласа.

Ова истражување покажува дека довербата во Мицкоски е поголема од партискиот рејтинг. Она што е исто така интересно е дека за првпат во албанскиот блок коалицијата Вреди има поголема доверба од ДУИ.