Српската актерка Неда Арнериќ, која ја играше главната улога во македонскиот филм „Исправи се Делфина“ (1977), во тешка состојба синоќа била пренесена во Ургентниот центар во Белград.

Локалните медиуми пишуваат дека нејзиниот брат ја пронашол онесвестена на подот во нејзиниот стан. Неда телефонски му се јавила на брат ѝ, кој со помош на бравар ја обил вратата од станот на актерката.

Дел од медумите објавија дека можеби станува збор за обид за самоубиство, но засега нема официјални информации.

Арнериќ вчера требало да се појави на меѓународниот филмски фестивал „Фест“ каде бил прикажан нејзин филм, но не се појавила.