Кинескиња направи пластична операција на очите на својата мачка за 1.000 долари и предизвика силно незадоволство на социјални мрежи.

Сопственичката на животното чие име не се споменува, сметала дека очите на својата мачка и се многу лоши. Поради таа причина ја подложила на хируршка корекција.

На сивото маче му била направена блефаропластика.

Таа операција често се прави кај жени кои сакаат да го подобрат својот вид.

Сопственичката на мачката беше обвинета за жестоко однесување кон својот миленик. Локална телевиизја дури и прикажа инсерти од животното по хируршката интервенција со подуени и црвени очи.

Весникот Мирор нагласува дека во ветеринарната клиника во кинескиот град Нанкин често се прави блефаропластика врз кучиња пред да учествуваат во кинолошки изложби заради подобрување на нивниот вид.