Северозападниот регион Синџијанг долго време е погоден од крвави напади што им се припишуваат на сепаратистите или на ујгурските исламистички екстремисти. Оттогаш, регионот е под строга контрола на централната власт.

Активисти побараа од американската компанија Тесла да го затвори својот изложбен простор во кинескиот регион Синџијанг, кој врши драконски надзор врз муслиманското малцинство Ујгури.

Се зголемува притисокот врз мултинационалните и големите корпорации да заземат став во врска со Синџијанг, Тибет, Тајван и други политички проблематични територии. Кина врши притисок врз компаниите нивните реклами и сајтови да бидат согласно нејзините ставови.

Таа, исто така, ги обвини модните куќи кои изразија загриженост поради наводите дека постои принудна работа во Синџијанг.

Пред неколку дена компанијата Тесла соопшти дека отворила изложбен простор во главниот град на Синџијанг, Урумчи.

Активисти и странски влади тврдат дека околу милион Ујгури во Синџијанг се наоѓаат во притворни центри каде што се изложени на злоупотреба и принудна работа.

Кинеската владејачка Комунистичка партија ги отфрли таквите обвинувања, нарекувајќи ги тие центри како кампови за рехабилитација на екстремистите.