Жив ѕид ќе се обидат да поставт утре на Водно активисти од иницијативата „Го сакам Водно“ и на тој начин да спречат изградба на траса за гасовод. Од таму пги окануваат сите доброволци да се пријават преку нивната Фејсбук страница.

„Во држава каде прекршоци се нормална работа и се спроведуваат вакви проекти полни со нерегуларности, останува на нас да браниме со живи тела. Стоп за непромислени и лоши проекти! Се гледаме пред багери!“, порачаа тие.

Минатат неедла тие рекоа дека е лага информацијата од Владата дека трасата е скратена и велат дека за изградба на гасоводот ќе се исече шума со површина како булеварот „Партизански одреди“ од Центар до Влае.

„Не е точно дека теренот ќе се врати во првобитна состојба затоа што мора да остане гол за пристап на возила. Не е точно и дека загадувањето во Скопје ќе се намали со изградбата на гасоводот“, изјави Андреа Јанков. Активистите од пред Владата побараа нова студија за влијанието на гасоводот врз животната средина.