Според податоците на Управата за цивилно воздухопловство, во текот на првите четири месеци од оваа година, на меѓународниот аеродром во Тирана бројот на патници е помал за дури 60 отсто, во споредба со истиот период во 2019 година.

Имено во периодот јануари-април 342,8 илјади патници летале од и до аеродромот во Тирана. Во споредба со истиот период од 2019 година, кога бројот на патници за редовни летови и чартер достигна 849,7 илјади, значи намалување за 60 отсто.

– Минатата 2020 година, во споредба со претходната, имаше значително намалување на бројот на патници поради мерките за блокирање што ги применуваа државите, со што аеродромот се користеше само за летови за репатријација и за потребите на Ковид-19 и беше затворен подолг период за редовни летови, наведуваат од Управата.

Оттаму додаваат дека во април забележано е мало зголемување на бројот на патници за редовни летови, додека чартер-летовите со странски туристи бележат зголемување а се очекува нивниот број да се зголемува следните месеци.

И покрај благиот раст на патници споредено со 2020 година, се чини дека заживувањето на овој сектор ќе биде бавно оваа година и речиси невозможно да се достигне рекордниот обем на динамичната 2019 година, кога беа регистрирани вкупно 3,3 милиони патници.

– Ова се должи на продолжувањето на мерките за блокирање преземени од странски земји за да ги прекинат летовите или да дозволат нивно ограничување, доведувајќи ја во прашање и годинешната туристичка сезона, бидејќи се чини дека двата сектора заедно зависат многу од апликацијата за пасош за вакцинација, од што најверојатно ќе зависи движењато на луѓето, констатира Топ чанел телевизија.

Премиерот Еди Рама деновиве на заедничката прес-конференција во Тирана со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, упати критики на адреса на ЕУ, во врска со движењето на луѓето поради видот на вакцина што ја примиле.