Претседателот на САД, Џо Бајден изјави денеска дека „ќе изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува човековите права“ за време на претстојниот состанок во Женева.

– За две недели, ќе се сретнам со претседателот Путин во Женева и ќе му дадам до знаење дека нема, нема да му дозволиме да ги крши човековите права, изјави Бајден.

Средбата меѓу Бајден и Путин е закажана за 16 јуни во Женева.