Скандалот со кражбата на оружје во воена поморска база Пашалиман, кај Валона, што се случи ноќта меѓу 10 и 11 јануари, продолжува да се продлабочува со откривање нови детали.
Tелевизјата Ора њуз повикувајќи се на свои извори, јави дека украдена е многу поголема количина оружје од она што на почетокот се претпоставуваше.
Според нив, од базата се украдени автоматски пушки, гранати и муниција.
– Во врска со овој скандал приведени се пет припадници на албанската армија кои негираат дека учествувале во скандалот со кражбата на оружје во базата Пашалиман во Валона. Четворица војници се задржани во Полицискиот комесаријат во Валона порди фактот што воената полиција нема изолорани ќелии,додека командирот ќе се брани од слобода, – наведува Ора њуз.
Обвинителот Ардиан Или потврдил дека материјалот е добиен од воената полиција и оти целосната процедура ќе биде според армискиот закон.
Осомничените денеска ќе бидат изведени пред суд кој треба да им одреди мерка притвор.