Американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренал е во изолација. Средби со него избегнуваат од германската владејачка елита, објави Шпигел.

Таквото однесување на германските политичари се должи на неговите обиди да влијае врз внатрешните работи на Германија. Се нагласува дека дури и канцеларката Ангела Меркел „го држи на растојание”.

Покрај тоа, многу германски политичари и бизнисмени веруваат дека Гренал малку знае за Европа и за Германија, наведува Шпигел.