Автобус во кој хрватски туристи се враќале дома попладнево се запалил возејќи низ швајцарскиот тунел Шалберг, во близина на швајцарско-италијанската граница.

За среќа, како што известува швајцарската полиција, сите патници успеале да го напуштат автобусот и да излезат од тунелот, пред да изгори автобусот. Нема информации дали има повредени во пожарот во кој автобусот е целосно изгорен.

Според Јутарњи лист, станува збор за група хрватски туристи кои се враќале од скијање. Швајцарската полиција соопшти дека пожарот во автобусот во движење избил денеска по 13 часот.