Албанија е подготвена да отвори прифатни центри за азиланти, а тој план би можел да и помогне на канцеларката Ангела Меркел да остане на власт, пишуваат германски медиуми.

Прашањето со бегалците, имигрантите и азилантите е мошне сериозно и тоа може да биде причина не само да се растури германската голема коалиција, туку Меркел да падне од  канцеларскаат функција. За таа цел Меркел ги посетува Јордан и Либан, земји кои имаат најмногу згрижено бегалци после Турција.

Германските медиуми сега истакнуваат дека заради поддршката од Албанија, а можно е и од Грција по затворањето на дилот за отплата на долгот, со тоа што Меркел би добила ветар во едра и би му парирала на министерот со тврда линија, Хорст Зехофер,

Како и да е. Албаниан њуз пренесува став на германски медиуми дека со пружената рака од Рама корист ќе имаат и Берлин и Тирана. Ова особено се однесува за Албанија која би ја добила поддршката од најконзервативниоте европски центри кои се скептични за отворањето преговори за членство.