Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја постресе југоисточна Албанија, во близина на градот Корча, јави Европскиот медитерански центар за земјотреси.
Епицентарот на земјотресот бил на осум километри од Корча, на длабочина од два километри, а треперењето траело неколку секунди и ги вознемирило граѓаните, пренесува „Albanian Dejli Njuz“.
Албанија пред две години беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер, а во него загинаа 51 лице и беше предизвикана огромна материјална штета.