Министерот за економија и финансии наАлбанија, Арбен Ахметај, денес изјави дека невработеноста во земјата е на најниоска стапка од кога било.
Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика Ахметај рече дека „всушност сао 12,5 проценти се невработени“.
„Извештајот потврдува растечки тренд на вработување. Тоа е најниска стапка на невработеност на сите години на транзицијата“, додаде Ахметај.
Министерот додаде дека годинава се отворени многу нови работни места, дека се креирани 3.000 нови работни места.
Премиерот Еди Рама, пак најави во наредните години неколку илјади нови работни места само во секторот туризам.