Хрватските пензии и денес се најниски во ЕУ во однос на платите, и постои ризик дека земјата во иднина нема да биде во можност да ги заштити постарите луѓе од сиромаштија, изјави Еторе Марчети од Генералниот директорат за вработување, социјални работи и инклузија на Европската комисија

Кога по 40 години заминува во пензија, лицето кое е во Хрватска првпат почнало да работи во 2016 година ќе има 16 отсто помала пенизја од сегашните нови пензионери зад кои е 40 години стаж, се вели во најновиот извештај на Европската комисија за стареење и адекватноста на пензиите.

Во однос на актуелните пензиски надоместоци, поголем пад на пензиите од хрватските, во иднина може да се очекува само Романците и Полјаците – околу 40 проценти. Задржување на постојното ниво на пензиските надоместоци се очекува во Австрија и Словенија, како и благо зголемување во Германија и Данска.